Во средното медицинско училиште во Бјелина (БиХ) во петокот дошло до инцидент кога татко на ученик влегол во школската училница и ѝ удрил две шлаканици на професорката Оливера Крсмановиќ, бидејќи таа наводно му дала лоша оценка на неговото дете.
Како што дознаваат тамошните медиуми, овој случај бил пријавен во Полициската управа во Бјелина, која земала изјави од професорката а и таткото на ученикот кој ја нападнал.
Професорката Крсмановиќ само кусо изјави дека се уште е во шок и дека во моментов не може да застане пред камера. Од средното медицинско училиште во Бјелина не соопштуваат ништо за овој случај
Полицијата исто така се уште нема соопштение за овој случај.