Наместо одговор од што починал нивниот син, родителите на починатиот Љупчо добиле закани од Судска медицина. Ова го просведочи мајката Кети Лешко во „Претрес“.
– Три месеци цеќе немаме никаков одговор за вистинската причина за смртта на нашиот син
– Три месеци поминаа од трагедијата кога на приватна забава во Радишани каде Љупчо пушташе музика, тој почина од струен удар. Јас донекаде не се сомневам дека е струен удар. Официјалноиот извештај од МВР, беше дека е струен удар од краток спој, вели неговиот татко.
Комуницирале со мртвиот син. Вака родителите ги објаснуваат последните пораки разменети со починатиот Љупчо Лешко.
Неговиот татко раскажува дека официјалното време на повик на брзата помош била 23:19 минути, а дека Љупчо со мајка си на телефон комуницирал до 00:13 часот.
„Лајк, океј, seen, seen.. цело време тоа.. А, на Љупчо му беше затворен телефонот, шифриран. Јас контактирав фактички со мојот мртов син“, открива мајката на Љупчо.
Посочуваат дека добиле изјави дека имало снимки од моментот кога Љупчо го удрила струја на објектот каде пуштал музика-но страницата на резиденцијата била избришана.
Во продолжение погледнете што тие кажаа за целиот случај во подкастот „Претрес“. Тој дел започнува околу 1 час и 24 минути од видеото.