И покрај медицинското ослободување и сите документи доставени до властите во Австралија, тие одлучиле да му забранат влез во земјата. Тоа значи дека Србинот нема да ја брани титулата на првиот Грен слем сезонава.
– На Новак му беше укината визата. Му беше кажано да ја напушти земјата во текот на денот. Неговите адвокати се во процес на поднесување жалба. Тој не покажа доволно царински докази за медицинско ослободување – изјави Пол Сакал, новинар на австралискиот портал „Возраст“.
По се што се случуваше во текот на денот, јасно е дека целата ситуација има повеќе врска со политичките игри во Австралија отколку со самиот Ѓоковиќ, што може да се заклучи од изјавите на тамошните политичари кои постојано се огласуваат на тема Ѓоковиќ.
Јасно е дека српскиот тенисер ќе мора да го почека Ролан Гарос за да стигне до 21-та Грен слем титула и да ги претекне Роџер Федерер и Рафаел Надал. Дотогаш ќе може да се одмори и да ги „наполни батериите“ за она што следува.
Таткото на Новак Ѓоковиќ на својот Инстаграм профил потврди дека тенисерот ќе биде депортиран и најави негово враќање.
На Новак Ѓоковиќ му беше одбиена визата по седумчасовно задржување на аеродромот во Австралија и ќе мора да се врати.
Неговиот татко на Инстаграм напишал „депортација“ со голем извичник на крајот, а потоа се надоврзал со нова порака.
„Нашата гордост, нашиот Новак се враќа… Сите треба да го пречекаме како што доликува“.
Новак отпатува за Австралија за да учествува на првиот Грен слем на основа на медицинско ослободување, но се крена голема прашина и по драмата на аеродромот ќе биде вратен дома.