Тажен Велигден во струшко Враништа, во тешка сообраќајка e изгубен млад живот.

Сообраќајката се случила синоќа, на патот Струга- Дебар, кога од непознати причини младо лице со својот автомобил излетало од патот.

Според првичните информации возачот бил сам во автомобилот, а набрзо по несреќата им подлегнал на повредите.

– Вчера во 13.55 часот било пријавено дека на локалниот пат село Елевци – село Евла, Центар Жупа, патничко возило „фолксваген широко“ со струшки регистарски ознаки, управувано од М.М.(31) од с.Враништа, излетало надвор од коловозот, соопштија од МВР.

– На местото на несреќата починал возачот, а смрт била констатирана од страна на лекар од Итна медицинска помош, велат од Министерството за внатрепни работи (МВР).

На социјалните мрежи пријателите со трогателни пораки се збогуваат од починатиот Мирко Миноски.