Телото на Катарина П. (22) која исчезна по страшната сообраќајна несреќа кај Владичин Хан во Србија, е пронајдено денеска, потврдија за Телеграф.рс.
Телото е пронајдено во непосредна близина на местото каде што е пронајдено телото на Анѓела Миловановиќ.
Според лицата кои учествувале во потрагата, телото на Катарина било во еден од вировите на Јужна Морава.
Да потсетиме, несреќата се случила околу четири часот по полноќ меѓу саботата и неделата кога „голфот“ управуван од А.С., излетал од патот во Јужна Морава кај местото Џеп кај Владичин Хан.
Денеска ќе биде погребана Анѓела Миловановиќ (20).
Сомневањата се дека до несреќата дошло поради пребрзо возење. Девојката која го управувала возилото имала само пробна дозвола, а според српските медиуми била и под дејство на алкохол.
Таа и уште една другарка (К.М.) која била во автомобилот се здобиле со полесни повреди во вид на расекотини, свесни се и не се во животна опасност, но нивната состојба се следи за можни промени. Тие се уште се на опсервација во Здравствениот дом Врање, па поради тоа се уште не се сослушани.