„Почивај во мир, легендо“, „Ти беше струмичкиот Арсен Дедиќ“, „Сочуство до семејството“..

Ова се дел од коментарите на социјалните мрежи по веста дека починал Зоран Вета, легендарен пејач и музичар од Струмица.

„Мојот наставник по математика кој трпеливо сакаше да го предаде знаењето на нас и кој не’ научи да ја засакаме математиката! Благодарам за даденото знаење! Нека Бог му ги отвори рајските порти“, напиша на „Фејсбук“ негова поранешна ученичка.

Погребот ќе се изврши утре (осми март) во 14:00 часот на градските гробишта во Струмица.