– По кратко боледување во болницата во Земун, на 69-годишна возраст почина познатата српска авангардна уметничка и пејачка Александра Слаѓана Милошевиќ.

Александра Слаѓана Милошевиќ е родена во Белград на 3-ти октомври 1955 година и важеше за вистинска икона на новиот бран од осумдесеттите во некогашна Југославија.

Првиот соло настап го имаше на фестивалот „Студенско лето“ во Маглај во 1974 година, каде што ја освои Гран-при наградата.

Заедно со Дадо Топиќ, во 1996 година ја снимија антологиската „Принцеза“, песна која е една од оние кои ја одбележаа нејзината богата музичка кариера.

На површината на југословенската поп-рок сцена излезе во 1977 година со песната „Ау, ау“ и истата година го имаше првиот голем настап на Концертот кај Хајдучка чешма, каде настапуваше пред групата Бијело Дугме.