МВР информира дека утрово околу 05 часот во СВР Велес, од Итна медицинска помош било пријавено дека во дом на улица „Благој Ѓорев“ во Велес бил пронајден починат 43 годишниот А.А. од Велес.
Информацијата е дека лекар констатирал смрт, известен бил јавен обвинител, а увид на местото извршила увидна екипа од СВР Велес.
Од СВР Велес најавија дека по наредба на јавен обвинител телото било дадено на обдукција во Институт за Судска медицина Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Во Кисела Вода пронајден е починат 57-годишник
МВР информира дека вчера попладне во 18.42 часот во СВР Скопје било пријавено дека во својот дом на подрачјето на Кисела Вода бил пронајден починат П.К.(57) од Скопје.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, на местото на настанот излегле полициски службеници од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.