Истакнатот спортски работник и пријател на каратето, кој повеќе од 15 години беше член на Извршниот одбор на Карате федерацијата на Македонија, како и вршител на повеќе значајни функции, Зоран Ѓоргески почина на 71-годишна возраст.
Ѓоргески дипломирал на Правниот факултет во Скопје, во својата работна кариера најпрво бил главен просветен инспектор, а потоа и виш самостоен советник во Министерството за образование и физичка култора на Република Македонија. Својата кариера до своето пензионирање ја продолжува на Универзитетот за туризам и менаџмент од Скопје каде ја обавува функцијата Генерален секретар.
Тој е и е еден од основоположниците на Друштвото на гимнастичарски спортови – „Партизан“.
Член на Извршниот одбор на Карате федерацијата на Македонија станува во 2006тата година, а подоцна и генерален секретар на Федерацијата.
Ѓоргески дава огромен придонес во создавањето на повеќе нормативно-правни акти кои активно се применуваат до денешен ден а истите го уредуваат начинот на делување на поголемиот дел на телата и комисиите на Федерацијата.