Во 89та година од животот почина Никола Матлиески Пашата, поранешен градоначалник на Општина Охрид и стопанственик, објави порталот ohridnews.
Никола Матлиески Пашата го водеше Охрид во еден мандат од 1996 до 2000 година. Тој беше и успешен стопанственик во златните времиња на ЕМО и стопанството во Охрид.
Посмртните останки на Никола Матлиески Пашата ќе бидат изложени во капелата на градските гробишта во Охрид во понеделник од 12 до 12:30 часот.