Утринава во Штип на 51 годишна возраст почина еден од најголемите бизнисмени Тони Димитровски – Папата, сопственик на познатата компанија Хамачи, објави утрово локалната телевизија Стар.
Димитровски на повеќе полиња бизнисот го градеше повеќе од 30 години и за целиот период бележеше огромни резултати.
Спаѓа во редот на најголемите бизнисмени не само во Штип, туку и пошироко, давајќи пример како еден млад човек тргнувајќи од ништо може да создаде голема лична и професионална сатисфакција.
Димитровски освен како успешен бизнисмен, беше познат и како сопственик на компанија која покажуваше голема општествена одговорност, а тој самиот беше донатор во многу хманитрни акции.