Уште еден голем музичар си замина од музичката сцена – Раим Баки. Тој беше виртуоз на инструментот ут и чувар на традицијата, кој напарави многу за македонската чалгија.

Имаше репртоар од над 600 песни, трисетина снимени цедиња, меѓу кои и „Антологија на македонската чалгија“.

Настапувал со најпознатите македонски пејачи: Сариевски, Бадев, Васка Илиева. Ги учеше младите генерации на традиционалната македонска музика, а на настапите заштитен знак му беше песната „Три години стана“, по која беше препознатлив.

Раим Баки е роден во Скопје, во 1945 година. Во 1964 година започнал да се занимава со чалгиска музика, следејќи го примерот на брат му Хилми Баки, кој бил член на Чалгискиот оркестар на Радио Скопје. Од 1967 до 1969 година, учел кај Живко Фирфов. Како член на чалгискиот оркестар на Радио Скопје, Раим Баки снимил над илјада песни.