Иван Пико Станчиќ, музичар, продуцент и академски сликар, почина на 72-годишна возраст по долга борба со тешка болест, пишува „Новости“.
Роден е на 4 јули 1953 година во Даљ, а пораснал во уметничко семејство. Почнал да свири во подруми и гаражи на 12-годишна возраст, верувајќи дека еден ден ќе го оствари својот сон да стане познат музичар.
Се запишал во музичко училиште, каде што почнал да свири гитара и перкусии. Своето прво сериозно искуство го стекнал свирејќи во бендовите „UFO“ и „Ab ovo“. Во тоа време, во Загреб, свирел соул со групата „Heart of Soul“ и прогресивен рок со бендот „WooDoo“.
Откако настапувал со неколку помали бендови, го добива својот прв значаен ангажман во легендарниот бенд Група 220. Подоцна свирел во некои од најпознатите музички групи на поранешна Југославија, вклучувајќи ги Тајм, Парни ваљак, Филм, Идоли, Прљаво казалиште и Електрични оргазам.