СОУ „Јане Сандански“ – Струмица попладнево на социјалната мрежа Фејсбук објави трагична вест за смртта на нивната колешка, професорката Жаклина Михајлова.
– Почитувани, По повод трагичната смрт на нашата драга и почитувана колешка Жаклина Михајлова, ве известуваме дека Комеморативната седница во нејзина чест ќе се одржи утре, понеделник, 26.08.2024 година со почеток во 09.00 часот, во училишната спортска сала, објави училиштето.
– Комеморативната седница ќе биде од отворен тип. Сите блиски, пријатели, познаници и колеги на нашата мила колешка кои сакаат да присуствуваат се добредојдени. Нека и’ е светол патот до вечноста, се додава во објавата.
Засега не се познати повеќе информации за тоа која е причината за смртта на Михајлова.