Кошаркарот Небојша Еркиќ почина на 35-годишна возраст, а причината за смртта засега не е позната.
Станува збор за играч роден 1989 година кој во својата кариера настапуваше за Славија, Радник, Златорог, Граѓански, а последните шест години го носеше дресот на Будуќност од Бјелина. Беше капитен на овој клуб и со него стигна до титулата шампион на Република Српска.
Што се однесува до кариерата, една од најдобрите сезони ја имаше во 2012 година, кога беше прогласен за најдобар играч на Бјелина, а потоа беше член на Радник.
По тој повод, клубот од Бјелина се огласи со кратка порака на Инстаграм.
– Кошаркарскиот клуб Радник изразува искрено сочувство до семејството, пријателите и познаниците на прерано починатиот кошаркар и наш поранешен играч Небојша Еркиќ. Вечна ти слава – стои во соопштението на Радника.
Медиумите од Босна и Херцеговина наведуваат дека времето и местото на погребот ќе бидат објавени подоцна.