Партнерот на Сандра Булок, Брајан Рандал, почина на 57-годишна возраст, по тригодишната битка со амиотрофична латерална склероза АЛС. Булок (59) го запозна Рендал на роденденската забава на нејзиниот син Луис во 2015 година.

Истата година двојката објавија дека се во љубовна врска и се појавија во јавноста.

На Рандал му била дијагностицирана амиотрофична латерална склероза (АЛС) пред три години, но двојктата за ова не кажа ништо во јавноста. Потврдувајќи ја неговата смрт во изјава за People, неговото семејство рече:

„Со голема тага споделуваме дека на 5 август, Брајан Рандал почина мирно по тригодишна битка со АЛС. Брајан избра да го задржи ова приватно и ние што се грижевме за него дадовме се од себе за да го исполниме неговото барање“, се вели во објавта.

Булок, која е мајка на 13-годишниот Луис и 10-годишната ќерка Лајла го опиша Рандал како „љубовта на нејзиниот живот“, велејќи дека тие уживаат во мешано семејство во кое се нејзините деца и детето на нејзиниот партнер.