Поранешниот градоначалник на Општина Карпош и актуелен потпретседател на СДСМ, Стефан Богоев, се прости со неговиот татко, новинарот Владимир Богоев, со стихови од легендарните Квин, омилен бенд на татко му – Шоуто мора да продолжи!
Како што информира, погребот на неговиот татко ќе се одржи утре, среда, во 12 часот, на гробиштата во Бардовци, во дворот на црквата Света Троица.
-Си замина мојот татко, а ваш другар и пријател Владимир Богоев. Тажен сум зошто го нема, пресреќен сум зошто го имав во животот.
Човечиште во секоја смисла на зборот, бескрајно скромен и секогаш спремен да помогне. Новинар, еден од основачите на ,,Дневник”.
Ти благодарам што си ми татко, ти благодарам за СЕ ! Муабетете со Трајко и трчајте со Лиле на небото. Еден ден, ќе бидеме заедно пак, ќе збориме за политика, ќе се закачаме за Барса и Реал… А до тогаш, со зборовите на твоите Queen, Show must go on – објави Богоев.