Млада Италијанка освоила 75.000 евра на квизот Affari Tuoi, а потоа се расплакала. Победата и ја посвети на својата баба, а во објавата им се обрати на соучениците кои ја малтретираа и раскажуваа болен дел од нејзиното минато.

Алесандра Д’Агуано Форлини победи на квизот Affari Tuoi и освои 75 илјади евра. Таа во шоуто учествуваше со сестра си, но 24-годишната девојка победата и ја посвети на баба и. Всушност, таа требаше да настапи со нејзината баба, но починала два месеци порано.

Таа по квизот во објава на социјалните мрежи им се обрати на своите соученици кои со години ја малтретираа и ја нарекуваа најгрдата девојка на светот и им го посвети својот успех, пренесуваат локалните медиуми.

„Ја посветувам мојата победа на тебе што ме малтретираше десет долги години само затоа што имав неколку килограми вишок, на тебе што ментално ме масакрираше со години до тој степен што речиси мислев дека нема повеќе смисла да живеам. На тебе што ме етикетира како најгрдата девојка во државата. Со години ми велеше дека сум грда и дебела и ме прашуваше како можам дури и да излезам од дома со тој стомак“, напишала Алесандра.

„Ќе застанам овде, но би можела да пишувам книги и книги за навредите што ми ги упативте, тоа никогаш нема да заздрави. И погледни ме сега! Но, пред се, погледни се себеси и каде сте заглавени во своето незнаење, глупост и злоба!“