Теа Таировиќ призна дека засекогаш го сменила текстот на нејзината хит песна „Израел и Палестина“ и дека никогаш повеќе нема да ги пее тие зборови. Поради страшната војна што трае, Теа одлучи тоа да не го пее не само привремено додека трае војната, туку никогаш повеќе.
– Во случај некого да повреди, го сменив текстот на песната – искрено призна Теа.
Да потсетиме, како што неодамна објавија медиумите, Теа беше силно погодена од критиките на социјалните мрежи дека е непримерно да се пее за Израел и Палестина додека во тие земји има воена состојба, поради што решила трајно да ја изведува оваа песна со сменет текст, односно наместо Израел и Палестина ќе пее Шпанија и Аргентина.