Српската пејачка која е во постојан подем и која несомнено моментално важи за една од најбараните во регионот, објасни зошто го променила текстот на македонската песна „Македонско девојче“ на настапот во Бугарија.

Теа Таировиќ откако ја разлути македонската јавност со тоа што го промени текстот на македонската песна „Македонско девојче“ во „Бугарско девојче“, искажува почит и благодарност да македонската публика и објаснува зошто песната е така испеана со видео објава.

– Вчера ја пеев песната „Македонско девојче“ во Бугарија, во Благоевгрда. На настапот имаше и Бугари и Македонци. И на крајот на самата песна промената на текстот значи само љубов, искажување почит и на едните и на другите. Ако сакате прецизно, го пеев тој дел од текстот на девојка која беше во публиката, која беше многу убава. Не ме интересираат политичките случувања во ничија земја, но во вашата ни во мојата. Јас сум позната по тоа што ги спојувам луѓето, ширам љубов преку песните и тоа така ќе остане и понатаму, вели Теа.

Меѓу другото, објаснува дека во нејзиниот нов албум ќе има и песна која се вика „Македонија“. Како што вели песната ја напишал татко и за неа. Во новата песна се спомнува Охрид, Св наум …

View this post on Instagram

A post shared by Tea Tairović (@tea_tairovic)