Без никакви забрани и строги рестриктивни мерки, граѓаните на Македонија, Новогодишната ноќ ја минаа и на плоштадите, но и во кафулињата и рестораните.

Најдобрите журки биле во Rooftop Story, Рагуза 360, во Дистрикт Бар во Мериот, во Егоист во Охрид, а атмосферата ја направиле незаборавна, Теа Таировиќ и Балкан Бенд, Жаре Бербер и Галама 18 Плус Бенд, Нина Јанева & The Crew, како и Боби Павловски.

Балканската ѕвезда Теа Таировиќ се огласи на својот Инстаграм профил:

– Еве ме, заморена после концертот, но пресреќна, Скопје, ти благодарам! (И Виница секако) ❤️. Сакам на сите да им ја честитам новата 2022 година, да ви посакам многу здравје, добра волја и памет (а потоа небото е вашата граница) ✨🍀. Ви благодарам за се што ми дадовте во 2021 година, што за мене беше почеток на остарување на сето она за кое што работев напорно. И вие учествувавте во тоа со вашата енергија, љубов, прегратки, поддршка, без вас ништо не би било возможно ❤️. Во тој поглед, остварете ги вашите соништа, живејте исклучиво како што сакате, сами поставете ги правилата и не дозволувајте некој да ви каже дека не можете да направите нешто. ✨ Ве сакам многу и едвај чекам да го споделам со вас новиот албум на кој напорно работам. ❤️. Засекогаш Ваша Теа ✨.