Во текот на изминатата ноќ во Росоман се случил сериозен инцидент кога автомобил од марката BMW излетал од патот, урнал повеќе столбови и влетал во локален дуќан, при што била предизвикана значителна материјална штета, објави КТВ Телевизија.
Според неофицијални информации, во возилото имало четири лица кои се враќале од свадба и се здобиле со лесни повреди.
Поради оштетувањето на инфраструктурата, дел од населеното место останал без кабелска телевизија и интернет.
Полицијата извршила увид и се работи на утврдување на причините за несреќата.



Извор и фото: КТВ Телевизија

