Нова сообраќајна несреќа на скопските улици предизвикана од малолетник од Косово кој немал возачка дозвола, објави Телма Телевизија.

Седумнаесет годишно момче кое доцна синоќа околу 22 часот дивеело на скопските улици управувало со возило ауди со скопски регистарски ознаки.

Прегази две лица на 17 и 18 годишна возраст.

Според пријавата несреќата се случила на расксницата од ул.„Дринска“ и ул.„Галичица“ во скопската населба Шуто оризари.

Двете повредени лица се од Скопје.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 18-годишникот С.И., додека малолетничката се здобила со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ .

Против малолетникот кој управувал со возилото поднесена е кривична пријава до надлежното обвинителство.