Таткото од Тетово го извршил кривичното дело убиство. Ова е утврдено по преземените мерки и активности за расчистување на случајот, во координација со јавен обвинител.

Официјално денеска (02.01.2025) околу 18.50 часот во Блок 70 во Тетово, во неговиот дом бил пронајден С.Н.(39) без знаци на живот, со прострелна рана во главата.

С.Н. живеел со неговиот татко, кој бил пронајден во бессознание и од Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентен центар Тетово.

Во просторијата каде бил пронајден С.Н., пронајдена е ловечка пушка.

Убиството според истрагата е извршено на 31.12.2024, каде по претходна физичка пресметка, М.Н. (65) со ловечка пушка го усмртил неговиот син С.Н..

По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.