Дубаи, кој претставува вистинска алхемија од апсолутните традиции и амбициозните футуристички визии, е една од омилените туристички дестинации на регионалните, но и на македонските познати личности.

Младата пејачка Барбара Ракичевиќ, која е ќерка на познатата македонска водителка Мелита Ракичевиќ, неделава уживаше на едно вакво егзотично патување.

Таа објави неколку фотографии од елитната населба Дубаи Марина, која е препознатлива по пристаништето на вештачки канал и неверојатниот поглед, но и од луксузниот базен од хотелот во којшто престојувала.

Дефинитивно, нејзината содржина на социјалните медиуми е вистинска инспирација за оние кои сакаат да го посетат овој необичен град во Обединетите Арапски Емирати.