Стана познат откако во 2019 година беше исфрлен од „Ѕвезде Гранда“. Адам Лабунски откако се појави на сцената во Гранд често добиваше пофали дека е поразличен и дека го поправа пеењето, а Карлеуша му велеше дека ќе биде ѕвезда.
Сепак, Адам го исфрлија од натпреварувањето. Причина за тоа било несогласувањето поради хотелската соба каде бил сместен и не сакал истата да ја дели и со таткото на неговиот противкандидат Данијел Васиќ.
Откако Адам престана да биде дел од музичкото шоу, тој досега се нема пријавено во ново музичко натпреварување.
Она што е ново на љубовен план кај Лабунски е тоа што претходната година на Босфорот ја запроси својата девојка Џејалана Дачиќ.
Лабунски работи и на својот физички изглед и ја одржува својата кондиција, но и топ форма. Така, на неговиот „Инстаграм“ може да се видат фотографии на кои е во теретана и работи на кондицијата.
Во кусите приказни на „Инстаграм“, пејачот го покажа и крајниот резултат од напорното вежбање и затегнатите мускули на кои може многумина да му позавидат.
📷
📷
📷
📷
📷
📷
📷
📷
📷
📷