Едно лице загина вчера на автопатот „Ибрахим Ругова“ во близина на Приштина откако автомобилот што го управувало сега починатото лице се превртел од за сега се уште неутврдени причини.

Во 24-часовниот полициски извештај се наведува дека смртта на жртвата била констатирана од лекарска екипа.

Од незгодата со телесни повреди се здобила и една сопатничка која е испратена на лекарска помош.

Со одлука на обвинител, мртвото тело е испратено на обдукција во Институтот за судска медицина.