Германската полиција вчера исклучи од сообраќај автобус од Босна и Херцеговина кој сообраќал на релација Зворник-Дортмунд. Полицајците околу 9 часот забележале автобус полн со патници на линијата Зворник-Дортмунд на градската автобуска станица во Дизелдорф. На Фејсбук полицијата овој автобус го нарече „темпирана бомба“.

На возилото на прв поглед веќе биле видливи значителни оштетувања од корозија, извести полицијата, пренесува германски NZR. Откако автобусот бил однесен на технички преглед, сомнежите на полицајците се потврдиле.

„Со овој автобус во секое време можеше да се случи несреќа“

На техничкиот преглед било констатирано дека една од цилиндрите на сопирачките прокиснува и дека системот за сопирање работи нерамномерно. Покрај тоа, рѓосаните потпори во пределот на предната оска може да се истиснат со рака и да се уништат. Германските инспектори утврдиле дека кородираните делови на автобусот претставуваат непосредна опасност за сообраќајот.

Службениците констатирале дека несреќата можела да се случи во секое време со овој автобус. Затоа ги извадиле регистарските таблички од автобусот и ја земале сообраќајната дозвола. На автобусот му е забрането да продолжи да вози додека не биде целосно поправен. Покрај тоа што автобусот бил во лоша состојба, биле прекршени и прописите за време на возење и одмор на возачот.

Патниците мораа самостојно да најдат алтернатива за да го продолжат своето патување.