Извици „предавници, предавници“ и свирежи од насобраниот народ денеска во црквата Свети Спас на чествувањето на 150 роденден на македонскиот великан Гоце Делчев.
Негодувањето беше упатено до претставниците на делегацијата од актуелната власт, предводена од претседателот Стево Пендаровски, вицепремиерот Артан Груби и министерот Благоја Бочварски кои дојдоа да положат цвеќе на гробот на Гоце Делчев.
Негодувањето на народот е поради изјави за македонскиот великан од страна на Пендаровски, како и актуелните случувања во врска со пазарењето со историјата, ликот и делото на Гоце Делчев, со соседна Бугарија.
Вака предавници бегаат од сопствениот народ.#ГоцеЕМакедонија#НикогашСевернаСамоМакедонија pic.twitter.com/kTt5X5MHIZ
— Фортификација (@Fortiifikacija) February 4, 2022
150 години од раѓањето на Гоце Делчев pic.twitter.com/ldAxam44XK
— Tode Ognen (@Ljupce73) February 4, 2022