Српската пејачка со босанско потекло Теодора Џехверовиќ (24) купила стан во Белград за 200.000 евра! По турнејата низ Америка, пејачката заработи огромна сума на пари и вложи се’ во недвижен имот, пишуваат српските медиуми.

Станот се уште е во фаза на реновирање, но Теодора на фановите им покажа како ќе изгледа нејзиниот нов дом. Во гнездото на пејачката преовладува беж боја, дневната соба е пространа, а омилен дел и е делот за гардеробата, бидејќи конечно ќе има место за сите работи и чевли.

Пејачката не ја криеше среќата што на почетокот на кариерата успеа да обезбеди место за живеење и што повеќе нема да биде кираџија.

– Конечно на врата ќе ми биде напишано презимето „Џехверовиќ“. Последниве неколку години имам голема желба да купам стан и да си обезбедам покрив над глава. За жал, поради епидемијата што не зафати, сето тоа се одолговлекува. Тогаш си реков: “Еј, имаш само 23 години! Полека, се ќе си дојде на свое. Работи, обиди се… Заслужуваш да го имаш тој стан. И ќе го имаш еден ден, само полека.” Конечно го имам и се стекнав со она што го работам – се пофали Теодора.