Обвинетите во случајот „Диво Насеље“ се очекува до 23 Мај да се префрлат од затворот „Шутка“ во затворот „Идризово“. Тие од 4 Мај штрајкуваат со глад. Адвокатот Насер Рауфи за ТВ21 вели дека 23 ти мај е последниот рок до кој тие очекуваат да добијат позитивен одговор за барањата на затворениците. Во спротивно, адвокатот најавува дека ќе поднесат кривични пријави за одговорните лица кои спречуваат реализација на бенефициите кои им следуваат, пренесува ТВ 21.
„Не сме сигурни со нашите затвори и ова правосудство. Но, мислам дека доколку не се почитува овој рок ние ќе преземеме наши понатамошни чекори. Имаме договор со мојот клиент за покренување на кривични пријави за лицата за кои мислиме дека го направиле овој проблем“, истакна Насер Рауфи.
Според неговите ингеренции дејствуваше и Народниот правобранител кој достави препорака до Управата за извршување на санкции за трансфер на затворениците „Шутка“ во „Идризово“.
„Лично мислам дека нивното не префрлување во затворот „Идризово“ и нивното натамошно чување во затворот „Шутка“ остава простор за сомнеж дека ова се прави со тенденција затворените да не можат да го искористат она што им следува според законот за извршување на санкциите. Доколку тие одбијат да ја спроведат препораката тогаш јас ќе се обратам на органите за надзор на затворите, тоа е Управата за извршување на санкции и доколку и тие не преземат конкретни мерки тогаш тоа ќе биде должност на владата затоа што владата е таа која ги именува директорите на затворите, а следствено и нивна смена“, посочи Насер Зибери.