Во полициската станица во Куманово вчера е пријавено дека на автопатот „Пријателство“, во близина на надвозник „Бедински мост“, возило „голф“ управувано од А.Р.(40) од Куманово, излетало надвор од патот.

По незгодата А.Р. и двајца малолетни сопатници во возилото биле пренесени во Општата болница во Куманово за укажување на лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Куманово.