МВР извести дека вчера во 15.30 часот било пријавено дека на автопатот Скопје – Велес, на клучката „Идризово“, возило „пежо“ управувано од Ѓ.И.(56) од Тетово, излетало од коловозот.
Во несреќата со тешки повреди се здобила Ѓ.И. а со телесни повреди сопатничката Р.К.(37) од Градско.
Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје.