МВР информира дека вчера во 12.15 часот во ОВР Крушево било пријавено дека на место Мечкин Камен во Крушево, за време на одржување на Светско првенство во змајарство, учесникот Г.Х.(65) од Австралија, додека летал со летало „змај“ паднал и се здобил со повреди.
Тој бил пренесен во Општа болница „Борка Талески“ во Прилеп, каде му биле констатирани тешки телесни повреди.
Увид бил извршен.