Ракета погодила девојче во глава во Ореховица, кај Меѓумурје во Хрватска, при што тешко е повредена, соопшти денеска меѓуимурската полиција, пренесува Јутарња лист.
Хрватските медиуми јавуваат дека несреќата се случила утрово околу 09:00 часот во Ореховица, а полицијата посочува дека девојчето најверојатно во дворот од куќата пронашла неактивирано пиротехничко средство, ракета од непозната марка и категорија, чија амбалажа еуништена при употребата.
Откако ја пронашла, ја активирала ракетата, која во лет се одбила од прозорецот на куќата и ја погодила во главата. Во Одделот на Жупаниската болница Чаковец е утврдено дека се здобила со тешки повреди на окото и е пренесена во Загреб на понатамошно лекување, се вели во соопштението.
Полицијата напоменува дека пиротехничките средства не се играчки, па се повикуваат родителите да ги известат своите деца да не допираат неактивирани пиротехнички средства што ќе ги најдат за да спречат евентуални повреди, се наведува во текстот.