Додека менувал сијалици во објект на градинката „11 Октомври“ во скопски Чаир, хаусмајстор паднал од скала и се повредил по што итно бил пренесен на Ургентниот оддел во Клинички центар „Мајка Тереза“ со екипа на итната медицинска помош, пренесува „Слободен печат“ тврдења на вработените во градинката.
Оттаму велат дека човекот бил повозрасен.
Директорката на градинката наводно изјавила дека работникот требало да биде на боледување и дека своеволно се вратил во градинката да менува сијалици без да добие наредба за тоа од било кого и без да се најави кај раководителката.
Од друга страна, блиските на повредениот работник тврдат дека ова е невистина, бидејќи работникот имал седумдневно боледување одобрено од лекар што значело дека денеска требало да се појави на работното место.
Човекот наводно имал бројни повреди на карлицата здобиени од сообраќајна несреќа, како и повреди на ногата.