Тешка поморска несреќа се случи вечерва во Муртерското Море, на позиција меѓу островите Вргада и Корнати во Јадранското Море во Хрватска. Според првичните информации, едно лице од рибарскиот брод загинало, пишува Слободна Далмација.
Хрватските власти потврдика дека помала јахта (долга околу 15 метри) налетала на рибарски чамец, а бродот за пребарување и спасување Шибеник, од управата на пристаништето во Шибеник, испловил до местото на несреќата.
Според изјавите на сведоците, јахтата со полна брзина се забила во рибарскиот брод, каде едното лице починало на лице место. Станува збор за рибарскиот брод Машун од Ткон, а од силината на ударот се уште неименуваната јахта веднаш потонала.
Во близина била и јахтата Новела под малтешко знаме ијут според информациите што ги имаат, први на помош дошле тие.