Вечерва во Неготино се случи сообраќајна несреќа во која мотоциклист е тешко повреден.

„Вечерва во 20:45 часот во ОВР Неготино било пријавено дека на крстосницата од улиците Идустриска и Маршал Тито се случила сообраќајна несреќа меѓу мотоцикл марка сузуки со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од А.К.(54) од Кавадарици и патничко возило марка пасат со регистарски ознаки од Виница, управувано од Ф.А.(29) од Виница.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во болницата во Кавадарци“, информира портпаролката на СВР Велес, Биљана Ѓаковска.