Тешка сообраќајна несреќа се случила вечерва кај скопската населба Пинтија во општина Кисела Вода.

Имено, според првичните информации до кои дојдовме, еден автомобил е значително оштетен во сообраќајката на булеварот Борис Трајковски.

Причинета е значителна материјална штета на еден од автомобилите, а засега нема информации за степенот на повредите на учесниците во сообраќајката.

Повеќе информации од Министерството за внатрешни работи (МВР) очекуваме вечерва или во текот на утрешниот ден.