На 13.04.2023 во 16.00 часот на регионалниот пат за ХЕЦ „Козјак“- с.Батинци, скопско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко „ауди А4“, управувано од Е.Р.(24) од Скопје и патничко возило „фолксваген венто“, управувано од М.М.(42) од Скопје, двете со скопски регистарски ознаки.

Во несреќата со тешка телесна повреда се здобила сопатничка од возилото „фолксваген венто“, Ѓ.Б.(41) од Скопје, а со телесни повреди се здобиле сопатничка од истото возило, Ѓ.М.(39), како и возачот на „ауди А4“, Е.Р. и неговата сопатничка З.Р.(82), констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Увид извршила екипа од СВР Скопје.