Денеска (26.03.2023) околу 17.40 часот во полиција е пријавено дека на улицата „Ќемал Сејфула“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед „јамаха“ управуван од К.Џ (18) од Скопје и возило „пасат“ управуван од Е.Р. (24) од Скопје.

Во сообраќајката повреден е К.Џ. кој со возило на Итна помош е пренесен во Ургентен Центар каде му била укажана лекарска помош и констатирани тешки повреди.

Од скопската полиција известија дека увидот е во тек и дури по завршување на истиот ќе се знае причината за незгодата.