Две лица се повредени во сообраќајка која се случи вечерва на кружниот тек на излезот од Струмица кон Радовиш.

Според информациите од портпаролката на СВР Струмица, Александра Трајанова, во сообраќајката учествувале две патнички возила. Повредени се возачот и сопатникот од едното возило, кои се пренеси на лекување на струмичката болница.

Полицијата извршила увид на местото на несреќата