На 01.05.2022 во 15.17 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот од с.Новаци кон с.Брод, општина Новаци, патничко возило „хјундаи“, со битолски регистарски ознаки, управувано од Љ.Т.(54) од Битола, излетало од патот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле возачот Љ.Т. и сопатниците Т.Н.(51) и З.Т.(38), двајцата од Битола, додека сопатникот З.С.(50) од Битола се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничка болница Битола.

Увид на местото извршила екипа на СВР Битола.