Пијан полицаец од Хрватска, кој не бил на должност, ноќеска околу 2 часот излетал од патот кај Топушко, во близина на Сисак. Тој со својот службен автомобил удрил во дрво. Измерени му се 1,46 промили алкохол

Полицаец од полициската управа Вуковар-Срем е тешко повреден во сообраќајна несреќа што ја предизвикал во вторникот околу 2 часот по полноќ кај Топушко, информираат од полицијата во Сисак.

Како што известија, тој управувал полициско возило со 1,46 промили, кое го поседувал дежурно поради видот на работата што ја извршува. Поради неприлагодена брзина изгубил контрола над автомобилот во Старо Село Топушко. Со тркалата зафатил банкина, при што се дупнала гумата при контакт со камена површина. Потоа се вратил на патот и во кривина излетал од него и удрил во дрво.

Од здобиените повреди му била укажана лекарска помош во Општата болница Сисак каде му биле констатирани тешки телесни повреди.

За сторените прекршоци против полицискиот службеник ќе биде поднесена соодветна пријава, а против него надлежниот раководител ќе поднесе барање за поведување дисциплинска постапка и за повреда на службената должност.