Денеска околу 11 часот непознато лице, чиј идентитет се утврдува, со самострел застрелал припадник на Жандармеријата кој бил на безбедносна служба во Амбасадата на Израел, погодувајќи го во пределот на вратот.

Припадникот на Жандармеријата М.Ј.(1990) во самоодбрана употребил оружје и го победил напаѓачот, кој од здобиените повреди починал. Полицаецот во свесна состојба бил пренесен во Ургентниот центар каде ќе се изврши операција за отстранување на стрелата од вратот. Се истражуваат сите околности за нападот во израелската амбасада и можните мотиви.

Дачиќ: Се утврдува идентитетот

Српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави дека непознато лице, чиј идентитет се утврдува, со самострел застрелал припадник на Жандармеријата кој бил на должност да ја обезбедува израелската амбасада.

– Припадникот на Жандармеријата М.Ј.(1990) употребил оружје во самоодбрана и го победил напаѓачот, кој од здобиените повреди починал . Полицаецот во свесна состојба бил пренесен во Ургентниот центар каде ќе се изврши операција за отстранување на стрелата од вратот. Се истражуваат сите околности на нападот и можните мотиви – изјави министерот Дачиќ.

Вака изгледал напаѓачот

Напаѓачот кој денеска околу 11 часот пред израелската амбасада во Белград со самострел во вратот застрела припадник на Жандармеријата М.Ј.(34) бил ќелав со брада и со себе имал кујнски нож, дознава „Блиц“.