Едно лице е застрелано утрово во основно училиште во Лукавац кај Тузла, а како што пренесуваат босанските медиуми, нема повредени деца.

Ученикот утрово дошол во училиштето со пиштол и барал вработени во училиштето. Тој застрелал еден наставник и тој е во тешка состојба.

Станува збор за поранешен ученик кој бил префрлен поради лошо однесување, јавува Дневни аваз.

– Како што дознаваме, станува збор за ученикот Г.М.(роден 2008 г.), кој поради прилично лошото однесување бил префрлен од едно во друго основно училиште, објави Кликс.

Ученикот утринава вооружен дошол во училиште и го барал вработената Н.О. кому му пукал во пределот на главата. Го ранил во пределот на вратот, а ранетиот е во тешка состојба.


На Фејсбук се огласи градоначалникот на Лукавац, Един Делиќ.

„Во престрелката што се случи во училиштето нема повредени деца. Ги молам сите родители да не паничат. Сторителот е малолетник кој веднаш е лишен од слобода“, напиша Делиќ