Вечерва се случила сообраќајна незгода на кружниот тек кај Гимназијата во Охрид, објави локалниот портал ohrid1.

Возило марка „Голф“ , излетало од коловозот на Булевар “Туристичка“, влегло во зона на пешачки премин и удрило во ограда и според неофицијалните информации потешко повредило пешаци, објави порталот.