Малолетник на 16 години бил физички нападнат и избоден со нож од група млади лица вчера во Тетово. Настанот се случил околу 21 часот на улицата Јане Сандански.

– Во СВР Тетово пријавено е нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка на улица Јане Сандански во Тетово, во која, првично, учествувале повеќе лица, а едно малолетно лице било повредено со остар предмет. Служби на СВР Тетово се на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот – информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Малолетникот бил пренесен во тетовската Клиничка болница за укажување лекарска помош.