На денешен ден во 1961 година е роден познатиот фудбалер Бошко Ѓуровски, кој без сомнение е еден од омилените личности меѓу навивачите на Црвена звезда.
Тито и неговите соработници вршеа притисок врз народот да земе презиме од некој свој предок, а на крајот да додаде-ски наместо-иќ. Па така, прадедо ми беше Ѓуро и тогаш моето семејство го прифати презимето Ѓуровски по него, вели познатиот капитен на „Црвена ѕвезда“, по потекло тетовец од село Жилче.
„Нашето првобитно презиме по татко ни беше Стојановиќ, а по мајка бев Петровиќ. Тоа презиме Стојановиќ го носел дедо ми Никола. Кога моите дојдоа во Македонија, тогаш се случија некои работи … како да ти објаснам … Така беше во тоа време … Тито и неговите соработници вршеа притисок врз народот да земе презиме од некој свој предок, а на крајот да додаде -ски наместо -иќ. Па така, прадедо ми беше Ѓуро и тогаш моето семејство го прифати презимето Ѓуровски по него.
Почнав да играм фудбал во тетовскиот клуб „Тетекс“. Бев пријавен како пионер и имавме турнир во Земун. Имав 12 години. Инаку, во дворот станав фудбалер. (Брат ми) Милко и јас научивме координација играјќи фудбал на мраз како деца. Дубочица, Трепча, Брегалница, Тетово, Штип … Сите дојдовме во Земун. Нè видоа извидниците на „Црвена ѕвезда“ Милољуб Остојиќ, Милован Ѓориќ и легендарниот Бора Костиќ. Плус, вујко ми што остана да живее во Белград беше со мене и Милко на тој турнир и нè препорача на луѓе од „Ѕвезда“. И нè видоа и тогаш Ѓориќ му рече на вујко ми да дојде, но на проба во мај, дури кога ќе го завршам училиштето“.
Тој вели дека нивното фамилијарно презиме било Стојановиќ, но дека на сила било променето во Ѓуровски.
„Нашето изворно презиме по татко било Стојановиќ, а по мајка Петровиќ. Тоа презиме го носел мојот дедо Никола, кој бил српски војник во Првата светска војна. Мојот татко е роден во Белград, потоа сите освен мојот чичко, дошле во Македонија. По војната се случувале чудни работи во Македонија. По наредба на Тито, сите што имале презиме на -ИЌ, морале да го сменат во -СКИ. Со оглед на тоа што мојот прадедо се викал Ѓуро, презимето било сменето во Ѓуровски. И затоа сум сега Бошко Ѓуровски а не Бошко Стојановиќ“, изјави Ѓуровски.