Вујкото на Данка Илиќ, Стефан Драгомировиќ, во првата голема исповед за исчезнувањето на неговата внука откри детали за девојчето, нејзиното однесување, растењето и на тој начин негираше голема заблуда за неа – девојката знае да оди, а на денот на нејзиното исчезнување трчала низ дворот.

– Многу е мирна, им верува на луѓето, ретко плаче. Данка едвај зборува, знае само некои основни работи. Загрижени сме за неа, но не губиме надеж дека е жива – вели вујкото на девојчето.

Според него, Данка може да оди. Денот кога исчезна, трчала низ дворот…

– Сестра ми Ивана ги однесе децата да си играат во нашиот двор, сето тоа се случи непосредно пред исчезнувањето – вели тој.

Со ваквите тврдења на вујкото, излегуаваат како неточни шпекулациите во одредени медиуми, дека малото девојче не немала проодено.